Lifestyle

И понудил брак со импланти за гради, наместо со прстен?! Најчудните запросувања кои постојат

Кога треба да понудат брак, мажите имаат навистина тешка работа. Треба да избираат прстен, со одредена големина, форма, дијамантски, без дијаманти… и уште многу детали. Но, некои мажи не детализираат толку и или сакаат да бидат поуникатни или поекономични, па избираат различни начини да понудат брак. Еве некои од најбизарните и најсмешните.

„Јас веќе раскинав со него, а тој ми се јави еден месец подоцна и рече: – Треба да се омажиш за мене, само да прекинеш со школување.“

„Ти може да седиш дома, и јас ќе платам за тоа, дури и ќе ти платам зголемување на градите. Тоа е единственото нешто што ти фали за да бидеш совршена. Го фрлив телефонот и го блокирав“.

„Момчето на мојата другарка и предложи да и стави импланти во градите. Таа се согласи. Тој ѝ рече дека нема потреба да оди со неа во клиника, но дека ќе биде со неа до нејзиниот кревет кога ќе се разбуди. Кога се врати од болница, и кажа дека и купил импланти наместо прстен, дека цената е иста. Бев збунета. Им честитав за вереничките гради. Тие се венчаа, добија бебе и се разведоа четири години подоцна. Потоа отиде да ги извади силиконите и му ги врати, за и неговата нова жена да може да добие импланти.“

„Алек Хоран и неговата девока Стеф Гарднер биле на одмор на Хаваи каде што секојдневно уживале во нивните јога вежби на песочните островски плажа. Но, еден ден, нивните рутински пози добиле неочекуван пресврт. Необично запросување: Овој маж ја побарал девојка му за жена додека вежбале јога! Гарднер со свиткан грб се обидувала да одржи рамнотежа додека Алек ја држел со стапалата, кога среде оваа акробатска поза, тој извадил свршенички прстен. Секако дека таа кажала „Да“!

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close