Една ќесичка чај е еднаква на една шолја чај, а откако ќе ја искористите, сигурно и вие, како и многумина друзи, ја фрлате во корпата за отпадоци. Меѓутоа, откако ќе го направите чајот, ќесичката слободно можете да ја искористите дополнително. Освен што ви подарила здрав напиток, таа ќесичка може да направи многу за вас.
Убоди
Докажано е дека чајот има благотворно дејство на сите врсти инсекти. Трикот кој засекогаш ќе ве ослободи од досадните инсекти е прилично еднсотавен: Веќе искористената ќесичка чај ставете ја во фрижидер и оставете ја добро да се олади. Потоа извадете ја и ставете ја врз убодот од инсектот.
Цвеќиња
Искористената ќесичка чај сварете ја повторно и водата нанесете ја на вашите цвеќиња. На овој начин ќе ги заштитите од габични инфекции.
Куќата
Ставете ги искористените ќесички чај во ормарот, на полиците… на секое место за кое мислите дека му треба освежување или каде што се сомневате дека може да се појават инсекти. Ќесичката можете да ја ставите и во песокот на вашите мачки. Ставете една ќесичка во фриѓидерот да ги избегнете непријатните мириси од храната. Можностите се бескрајни.
Садови
Потопете ги вашите садови во топла вода со ќесичка чај. Таа ќе ви помогне да ги одвоите маснотиите од чиниите и тавите, а исто така ќе ја одвои и храната која е залепена на садовите.
Стапала
Додајте една ќесичка чај во топла вода и ставете ги своите стапала. Така ќе ги отстраните непријатните мириси, ќе ги омекнете петите и ќе ја нахраните вашата кожа.
Здив
Сварете ја повторно истата ќесичка чај и искористете ја за испирирање на устата. За ова најдобро е да земете чај од нане или пак зелен чај.