Ќерката на Анабела, Луна, очигледно дека сака да остави впечаток дека повеќе не го сака Слобо Радановиќ и дека повеќе не се заедно, а се гледаат во тајност во нејзиниот стан каде беа забележани од медиумите.
Луна Џогани и Слоба Радановиќ најверојатно ја обновија својата љубовна врска која ја започнаа во првата сезона на популарното ријалити, за што пишуваше новото издание на таблоидот Курир Ријалити, а сега се објавени и ексклузивните папарацо фотографии на кои се гледа дека пејачот ја поминал ноќта во станот на Анабела и постарата ќерка на Гаги.
И самата Луна изјави пред неколку дена дека се гледа со Слоба, но и дека тој преспал во нејзиниот стан, кога и настанале фотографиите.
Пејачот ја посетил модната блогерка два дена пред да замине во чудесниот град на Пинк и таму ја поминаа заедно ноќта. Тоа никој од нив не го откри, но според зборовите на изворот на српскиот Курир кој им достави и доказен материјал, Радановиќ кај Џогани дошол доцна вечерта и нејзиниот дом го напуштил дури утредента во попладневните часови.
„Едноставно не можеше да помине не забележано. Носеше качкет на главата но сите во комшилакот го видеа. Набргу потоа по него од зградата излезе и Луна со своето куче и го прошета низ маалото. Беше во опуштено домашно издание и со разбушавена коса, што значи дека само што се разбудила. Ноќта ја поминаа задно а што се случувало зад четирите ѕида знаат само тие, но очигледно имало и секс“ – вели една комшивка која и ја направила фотографијата со поранешниот сопруг на победничката на првата Задруга, Кија Коцкар, која од него и се разведе токму затоа што ја изневери со Џогани.
Фото: Курир.рс