Јелена Карлеуша е една од ретките пејачки ѕвезди што на Балканот живее и се однесува како да е во Холивуд. Таа носи брендирана и скапа облека, лета со приватен авион и секогаш се труди да изгледа гламурозно. Но, не секогаш била ваква.
Таа денес живее на релација Србија-Кина, бидејќи нејзиниот сопруг и фудбалер Душко Тошиќ потпиша милионски договор со фудбалски клуб токму од Кина, а сега планираат да купат и авион како би патувале полесно. Јелена реши отворено да прозбори за своите почетоци и откри колку ѝ било тешко, кога немала пари, живеела во прилична сиромаштија, а не крие дека на првото гостување отишла без чорапи, затоа што немала пари да си купи.
Кога почнував во 95та, во момент на војна, морав да се снаоѓам, затоашто тоа што сакав да го носам, ниту можев да го носам, ниту имав каде да го купам, а немав ни како да го купам- беше искрена Карлеуша. -Многу често немав да си купам ниту чорапи. И се сеќавам на моето прво појавување, имав страшна трема, а се појавив во фустан од сребро, позајмен матријал, а немав ниту чорапи.-открива пејачката во една емисија и додава: -Имав страшна фризура, пренашминкана за девојка од 16 години. Излгедав 10 години постаро.
Таа денес е вистинска балканска дива, гостува во многу земји, а исклучок не сме и ние, каде што нашата публика најмногу сака да пее и да игра на нејзините песни. Јелена Карлеуша најмногу ужива во публика која бурно реагира на нејзините песни и во многу наврати истакнува дека Македонија се издвојува од другите земји.