Ова е резултат од 20 годишно истражување на писателот Милош Линдро кој се посветил на украдената македонска историја и тајните кодови и знаци на христојанството
Дали Исус и христијанството се родени во Охрид, вистинсхиот Ерусалим, во Првата Вистина (Јустанијана Прима); која е причината за распнувањето нa Исус според таканаречениот Болоњски псалтир, ракопис украден од охридското село Рамне, а првпат печатен вo Париз 1746-та година; каков е мистериозхиот крст во Охридското езеро; зошто немало да има никаква Ренесанса во Европа ако нe билe украдени скапоцените книги на охридските манастири; зошто во Македонија веќе десет века доаѓале и доаѓаат тајни мисионери од Ватикан; дали апостол Павле уште во првиот век во Македонија го ширел христијанството меѓу образовани и писмени Словени – староседелци; зошто мапата нa Ерусалим е речиси идентична со мапата нa стариот Охрид?
Тоа се само дел oд прашањата што уште пред дваесет години си ги поставил писателот Милош Линдро, а дури потоа, пред повеќе од десет години, јавно ги објавува одговорите дo кои дошол истражувајќи ги тајните шифри нa просторот околу Охрид, старите фрески, икони и книги.
Која е, или, поточно, каде е вистинската татковина нa нашата стара христијанска вера; дали Охрид е вистинскиот Ерусалим, дали овој балкански Ерусалим е градот нa ‘светиот крал’ Давид и нa неговите синови Авесалом и Соломон; дали е градот нa Дионис и нa Хермес, па дури, може дa се рече, и градот нa Исус, градот нa неговите маки?
Според Милош Линдро, писател и темелен истражувач нa скриени шифри во фрески, мапи и стари книги, градот Охрид е заборавениот балкански Ерусалим, градот нa светиот цар Давид, градот на Исус и нa неговите свети посланија. Истражувајќи ги над дваесет години тајните шифри нa христијанството, Линдро дошол до сензационални откритија дека, нa пример, во пештерата под Канео е роден Дионис, внук на Кадмо, основачот нa Охрид; дека таканаречената европска ренесанса се темели на украдените книги од Охрид, дека Исус е убиен поради крвна одмазда; дека во Македонија уште доаѓаат тајни мисионери за да го бараат клучот за шифрите во старите христијански книги однесени од балканскиот Ерусалим и друго.
– Материјалите за тајните шифри на христијанството ги собирав повеќе од дваесет години, но тoа љубопитство трае и денес. Како што минуваше времето работите стануваа се’ поинтересни и се’ позагадочни, зборуваше уште во мај 2005 година истражувачот Милош Линдро.
Всушност, првиот импулс и пресврт во моето интересирање за скриените тајни нa христијанството се случи во седумдесеттите години, кога кај нас беше објавена книгата ‘Македонија во старите мапи’, каде што Охрид се јавува под некопку имиња.
Втор многу силен поттик беше една многу стара македонска народна песна эабележана и објавена од браќата Миладиновци во нивниот ‘Зборник нa народни песни’. Таму има стихови за девет кучки ламји во окридско полe, кај цареви кладенци во кои стариот Свети Никола мy вели нa помладиот брат Свети Илија:
‘Ти не можиш да погубиш ними. Тук да поиш во село Канео, таму имат сирота вдоица и м’шко дете по татка посмртче… Дa г’однесиш нa Цареи кладенци, да се качиш Перин Планина, да потераш девет кучки ламји… Сите осум (ламји) Дете’и изуби, а девета ламја, побегнала, побегнапа в црква Архангела… Caм се пушти стар свети Илја; caм се пушти со Дете од рулека и деветта ламја е загуби…’
Оваа чудесна охридска песна е запишана пред 150 години, а е објавена во католички 3агреб вo 1861-та година. Таа опејува едно чудо, чудото нa спасението. Таа опејува двајца светци и едно дете, а детето е co божествена сила е Бог. Јас утврдив дека тоа дете е богот Дионис. Како? Детето е дојено од небото, а песната тоа преносно го именува кака посмртче.
Дионис е дојден за да го избави народот што живее крај Светото езеро. А одама Титаните се космичките сили од кои целoто тогашно човештво било застрашувано. Се поставува прашањето каде е тоа ‘село Канео’ што се спомнува во песната како место каде што е родено и живее детето – Бог?
Ha југозападннот брег на Охридското езеро токму под сегашната црква има една впечатпива карпа наднесена над водите на езерото. Таа карпа и денес се нарекува Канео. Врз неа има црква Cв. Јован од 14-ти век. Некогаш и вo пештерата која била нa најистурениот дел од неа во езерото има пештерна црква. Ете, токму таму е родено безименото дете -јунак, безименото дете – Бог, син на Диј, што значи носител на божествените сили.
Детето, како што тврди песната е многу, многу посилно од стариот светец, господар нa молњите, од Свети Илија. Дете, а посилно од светецот што фрла молњи и громови! Балканската митологија посочува дека ова дете – Бог има и поголем брат-Хермес. Токму тој го прима својот Божествен брат Дионис и го предава нa една нимфа за да гo одгледува. Tаа нимфа во охридската песна е наречена ‘стара, црна вдовица’.
Инаку, Кермес односно Ермес, според моето истражување е роден малку подалеку од местотo на раѓањето нa својот помал брат, во малата пештepa кај сегашната црква Свети Еразмо. Кога станал маж, го добил синот Пан, кои некои го викаат Асклепиј, чија скупптура, заедно со онаа на Дионис, сега е во зградата нa Владата нa Македонија. Раното христијанство го знае како Пан-телејмон – просветлениот вo се’. За неговиот помлад брат Дионис на многу места се вели дека е ‘второродениот’, но и ‘двапатиpoдeниот’.
Првиот пат тој се родил од смртната жена Земела, која во истиот миг кога го родила била пеплосана. Tаa била избрана меѓy смртните жени да го роди Детето -Бог. А 3емела е ќерка нa Кадмо и Хармонија – ја објаснува тајната за почетоците на вистинското христијанство, вели писателот Милош Линдро.
МИСТИЧНИОТ КРСТ BO ЕЗЕРОТО
Cпоред нeгo, преданијата за тројцата браќа Кадмо, Финик и Килик, и за нивната украдена сестра Европа, имаат неколку варијанти. Bо една од нив, барајќи ја својата сестра Европа, храбриот Кадмо стигнува до големото, Бело езеро и тyка го изградува Ликнид – езерскиот град, Тоа го потврдува и Херодот кој открива дека токму Кадмо го подигнал античкиот град Лихнидон’, далечниот претходник нa денешниот град Охрид.
– Токму во Лихнидон, на брегот на Белото Езеро, Земела, ќерката на Кадмо и Хармонија, значи смртната Земела, го раѓа Дионис. И токму затоа детето – Бог ќе биде наречено Дионис – Ликнид, што ќе рече Дионис Езерски. А било веќе пророкувано дека ќе дојде Спасител на Светот, и дека тој Спасител ке го избави човечкиот род од ненаситните титани. Тоа дете – Бог се родило во пештерата Меру нa неколку чекори од Канео. Според народната песна запишана од браќата Миладиновци Детето – Бог ги победува ламјите спасувајќи ја земјата oд гладна смрт. Доколку нe се појавел Дионис целото поколение што живее од житото во охридското пoле ќе изумре од глад’.
Се поставува прашањето кој народ живее нa пространството нa божјата интервенција во полза на тогашното човештво? Кој народ живеел на просторот нa Испратеното Слово, Победената сила и Стекнатата слава, и со што тoј, народ ја заслужил Божјата милост?
Кадмејците биле оние племиња кои биле под власта нa Кадмо. Овие Кадмејци ја предале писменоста нa Елините. Значи, најстарата писменост се појавила нa Балканот. Дали боговите оставиле знаци за своето присуство точно тука, крај Белото езеро, нашето денешно Охридско езеро?
Ha исток е Горица, нa запад е Лин, нa југ е возвишението со манастирот Свети Наум, а на север манастирчето Свети Стефан Панцир над Горица. Според легендата кога се градепе четирите цркви нa четирите бpeгa биле оптегнати јажиња. Јажињата формирале крст. Значи, вертикалниот крак нa имагинарнот крст запад-исток е долг 14 километри, а хоризонталниот од полуостров Лин и полуостровот Горица речиси половина од тoа.
Четирите точки нa овој имагинарен крст се тие кои треба да бидат воочени вo пространството и да бидат препознати како божествени белези. Народот на Езерјаните ги славел своите млади богови Хермес и Дионис, помнејќи ја древната песна за божественото дете. Таа песна ја запишале браќата Миладиновци. Ho, требало да помине долго време за да се прочита тoа послание, посланието од епохата на титаните – вели Линдро.
КОЈ Е МИСТЕРИОЗНИОТ УЧИТЕЛ ЛИН?
Полуостровот Лин нa Охридското езеро, кој денес се наоѓа вo Република Албанија, го носи името нa учителот Лин Ликнидски, кој го напишал Благогласното послание – Девангелие, кое Грците подоцна го прекрстуваат во Евангелие.
Нашите јужни соседи ја отфрлаат првата буква делта, зашто таa според нив е знак на Зеус, а Зеус нe им дал на луѓето никакви букви. Тие нe знаат дека зборот делта означува изделкано парче дрво, т.е. штичка, глатка деланка во која се нанесувале знаци. Bo оние древни времиња Грците се уште биле неписмен народ. Подоцна добиле писменост од Феник или Финесус, брат нa божествениот Кадмо, за кој веќе зборувавме. Јас тврдам дека Новиот завет е напишан најпрво на старословенски јазик, а дури потоа е преведен нa латински, па најнакрај е преведен и на старогрчки вели Милош Линдро, како еден од заклучоците по дваесетгодишните истражувања.
Меѓутоа, пo крстоносните војни и за време на подемот на Византиско-Отоманската Империја нештата тргнале пo еден целосно искривен пат, односно започнала да се формира гркo-елинската ерес, којa денес се самонарекува ортодоксија и има амбиции да нe’ убеди дека таa е единствено чистиот и православен пат до Бога.
Ho, кој Бог? Оној нa лагата и фалсификатот?! Сепак, да се вратиме на учителот Лин. Приказната за судирот на кадмеецот Лин Ликнидски и Херакле Хеленски е приказна за смртоносниот судир на возвишеното знаење од една страна и на дивата јарост, од друга. Притоа. возвишеното знаење е отстапено од боговите на луѓето, за да биде ширено од Лин, човек со светол дух.
Тој, пак, од Хермес, односно Ермис, ги научил свештените знаци, буквите – герми. Според скриените шифри на старите ракописи, Мизите, особено Мизиските Бриги – Брасјаците, добро знаеле дека точно еден мал дел од Долна Мизија е избран да биде лика и прилика на најсвештениот дел на ѕвезденото небо. Тоа го запамтиле од своите древни учители. Меѓу нив учителот Лин бил избран да го шири учењето на Великата Четворка и на скриената Петка, но и да им објасни на луѓето дека цветот нa дивата, божествена маслина, и нејзиниот жолт цветен крст е божји знак на земјата, како што ѕвездениот златен знак е божји знак нa небото.
Тогаш, кога една ноќ, зиме, зборувал Лин, логочно нa истекот на ноќта, рано пред зазорување, ќе cе појави знак на североисточното небо, тоа го означува часот кога божеството, кое треба да биде родено од смртна жена, веќе се родило, тој Јунак ќе се воздигне нa Осмото небо и ќе го заземе место десно од мене, велел Лин пренесувајќи ги зборовите нa Ерм, светиот Еразмо (Хермес.)
Toј Јунак што се родил бил Дионис, Богот-дете. Значи, оттука, ние Македонците – Мизите имаме своја Мисија, која ни е дадено од Горе. Сакралното убиство, убиството на Светиот Учител, станало на малиот езерски полуостров сега наречен Лин. Таму е пролеана светата крв на Учителот. Кој е убиецот? Неговото име е запомнато и запишано: тоа е Херакле, синот на Амфитрион и Алкмена. Што направил убиецот Херакле?
Ја украл Светата книга на едно свето маслиново гранче, и ги предал нa првенците помеѓу неговите Грци, тогаш прост и неук народ што чмаел на брегот нa морето и островите искривувајќи ја Светата Книга. Грците подоцна ќе ја наложуваат својата лажна христијанска вера, своите лажни христијански светци. Подвигот на Херакле ќе се прераскажува и ќе ги натера неговите наследници да превземат поход кон Север. Но божјите знаења се за сите на зeмјата, а не само за Грците, иако Херакле ги украл книгите, убивајќи го учителот Лин.
А зошто го убил? Затоа што Лин оrворено говорел дека Грците се прости, Грците се груби, Грците се глупи и завидливи… Навредениог Херакле, според Аполодор гo убил учителот, нарекувајќи го хулител-тврди писателот Линдро во cвојот обемен истражувачки труд ‘3аборавениот Кадмо ‘.
(vecer.mk)