Ова е потполно погрешно!
Една загрепчанка деновиве беше запрепастена од призорот во една луксузна продавница во „City Centеr West“ па одлучи своето искуство да го сподели со познатите на социјалните мрежи.
Имено, додека разгледувала низ продавницата, на касата со патики Мајкл Корс по цена од 200 евра, дошла една госпоѓа споменувајќи на продавачката дека ќе ги купи и дека задолжително и треба сметкопотврда за патиките.
Најголемото изненадување било кога жената почнала да ги диктира податоците за фирмата на која ќе гласи сметката – имено, во прашање е еден центар за социјални работи во Хрватска.
Како, се прашува оваа сограѓанка, воопшто е можно некој на сметка на институција која се занимава со најранливите категории на граѓани да се купат еден пар чевли, особено кога се толку скапи?!
Одговорот на прашањето Јутарњи го побара од самата институција:
Нашите работници кои работат на терен во рамките на Колективни со договор се изборија за правото работодавецот еднаш во годината да им обезбеди опрема, поточно работни чевли и торба за списоците, па така имаат право на сметка на институцијата во која што работат да потрошат 500 куни. Да би го оствариле тоа свое право, на работодавачот мораат да му ја покажат сметкопотврдата како доказ за купувањето, а потоа ќе им биде рефундиран износот. Ако сакаат можат да си купат и поскапа опрема, но работодавачот им враќа онолку колку што е пропишано“, појаснуваат од Центарот
Тоа за Јутарњи го потврди и директорката на Синдикатот на социјалните работници Јадранка Ивезиќ споменувајќи дека наведената обврска за работодавачите во Колективниот договор е вклучена од пред пет години. Таа вели дека точно не се дефинирани за каков вид обувки и торби можат да се оствари повратот на парите.
„Видете, многумина се на терен и нивна е одлука какви обувки ќе носат. Секако дека нема да чекорат во цокули, но најверојатно нема ни во високи потпетици од 10 сантиметри “ заклучи таа.