Stars

Откријте ја тајната за младоликиот изглед на Лепа Брена – за кратко време драстично ослабна и повторно изгледа како во најдобрите години

Познатата пејачка е во одлична форма

Пејачката Лепа Брена се подготвува за крајот на октомври кога ја чекаат два концерти, а покрај редовните проби со бендот и подготовките околу кореографијата, таа ништо не остава на случајност и кога е нејзиниот изглед во прашање. Таа веќе подолго време е на контролирана исхрана, а од неодамна запина и со напорни тренинзи за да го стегне своето тело.

Таа поради нејзиниот изглед и покрај годините постојано добива комплименти, а така беше и на нејзините последни настапи на кои носеше провокативна облека и во преден план беше нејзината линија.

„Важна е и диетата и тренинзите и сето тоа што го правиме. Морам да признам дека јогата отсекогаш ми давала добар и исправен став на телото, ми давала духовна релаксација, полесно дишам и функционирам“ – изјави Брена за српскиот „Story“ и додаде дека сите напорно работат околу концертите како сé би изгледало светски и би било во совршен ред.

Па, големо БРАВО за Брена!

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close