Многумина се прашуваат колку години има една од најатрактивните Македонки, која со години ги разубавува ТВ-екраните, Лила. Ако судиме според тоа како изгледа Лила, сигурно ние не би ѝ дале повеќе од 35 години. Но таа е доказ дека бројките не се важни, важен е изгледот.
Денес Лила слави роденден, и иако дама не се прашува за години, откриваме дека таа денес полни 47 години. Се гледа дека навстина го сака овој посебен ден и ужива во секој момент од него. Најпрво роденденска честитка доби од својот пријател Бојан, кој и посака да ужива во секој момент од животот, секој нареден ден да и донесе нешто ново и возбудливо и овој роденден да се претвори во нешто неверојатно за неа.
Потоа голем број на честитки се редеа и од сите нејзини најблиски пријатели како Сергеј Варошлија, Елена Лука, водителот Ване Маркоски, Боки 13 и многу други.
Се прашувате што доби за подарок? Па, уште во утринските часови ја изненади нејзиниот најдобар пријател Бојан Јовановски и тоа со нешто што е сон на секоја жена. Се работи за прекрасни обувки- штикли од брендот „Saint Lauren“ кои изгледаат навистина гламурозно, практично каква што е и самата Лила, а моментот го сними со својот телефон и го постави на социјалните мрежи.
Среќен роденден Лила! Секоја година пред тебе нека биде уште поуспешна!