News

Јелена Карлеуша се врати од Малдивите и тоа опсипана со МИЛИОН ДОЛАРИ – буквално! (Фото)

Јелена Карлеуша која неодамна се врати од одморот на Малдивите, каде што уживаше со ќерките и сопругот Душко, баш како што таа умее, на снимање се појави во многу провокативни издание. Имено, таа на снимањето на новата емисија ZG се појавила опсипана со долари.

Изгледа дека пејачката повеќе нема проблеми со финансиите, затоа што нејзиниот сопруг потпиша милионски договор со еден кинески фудбалски тим. Како права дива, на Јелена ѝ ја отворија вратата за да излезе од колата, а потоа трпеливо им позираше на фоторепортерите.

Овој пат нејзината комбинација предизвика различни реакции.

Сега Карлеуша ужива во раскошот, но таа во едно интервју открива дека била прилично сиромашна. „Кога почнував во 95та, во момент на војна, морав да се снаоѓам, затоашто тоа што сакав да го носам, ниту можев да го носам, ниту имав каде да го купам, а немав ни како да го купам.Многу често немав да си купам ниту чорапи. И се сеќавам на моето прво појавување, имав страшна трема, а се појавив во фустан од сребро, позајмен матријал, а немав ниту чорапи. Имав страшна фризура, пренашминкана за девојка од 16 години. Излгедав 10 години постаро.“

Неодамна во медиумите се прошири вестта дека пејачката Јелена Карлеуша ќе стане сопственичка на вила во Пекинг. Јелена сака да има постојано живеалиште кога со своите ќеркички ќе отиде да го посети Душко во Кина. Таа не сака повеќе да седи во хотелски соби, па сака поголем комфорт и удобност, при што за да ги задоволи своите барања, ја ангажирала најдобрата агенција за недвижности. Душко не се меша во изборот на неговата сопруга.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close