Ретко сме сведоци на тоа едно бебе да се роди во ист ден со неговите родители или некои други од неговите блиски. Но, уште поретко се случува повеќе личности да бидат родени на ист ден. Такво чудо се случи со прилепското бебенце кое се родило на ист датум со неговиот татко, дедо и тетка. Се работи за бебето на Филип Павловски од Прилеп и Цветомира од Бугрија. Филип по професија физикален терепевт и по потекло од Прилеп, ги вчудоневидел вработените во болницата, кога им објаснил дека тој е роден во сабота на 6 октомври 1984 година, а неговиот татко Киро е роден исто така во сабота на 6 октомври 1956 година. За чудото да биде уште поголемо, неговата сопруга рекла дека и нејзината сестра исто така е родена на 6 октомври 1983 година.
Најпрво се очекувало бебето да се роди на први октомври, но ниту тогаш ниту наредните неколку дена малото ангелче не сакало да дојде на овој свет. На петти октомври Цветомира била примена во болницата, но никој не се надевал дека раѓањето ќе биде токму наредниот ден – 6-ти октомври. Тоа утро пред 9 часот по природен пат се родил малиот Кристофер.
“Кога им кажавме на вработените тие не можеа да веруваат”. “Тие рекоа дека тоа е лудо и дека никогаш не слушнале за такво нешто. Рекоа дека ќе им кажат на сите весници”. Филип и Цветомира сакаат патувања и досега имаат посетено повеќе од 20 земји, дошле во Обединетото Кралство пред три години. Филип рекол дека тој и неговата сопруга се обидувале да добијат дете две години.