Stars

Меган Маркл во загрижувачка состојба: Дали војвотката боледува од анорексија? Сите ја споредуваат со Анџелина Џоли

Беше витка, а сега…

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, во 2016 година стана миленичка на британските медиуми и модни критичари. Повод за медиумската популарност беше почетокот на емотивната врска со принцот Хари. Меган е под лупа на јавноста, а исто така и нејзините модни комбинации, но овие делови главна тема е и нејзината килажа… Војвотката отсекогаш имала витка линија, но последните месеци е послаба од порано. Стресот, обврските околу кралското семејство и притисокот од јавноста очигледно се одразија врз Меган.

Меѓутоа, Маркл сѐ повеќе почнуваат да ја споредуваат со Анџелина Џоли, која е главна тема поради тежината и која не изгледа здраво. Многу медиуми тврдеа дека актерката гладува, па затоа е толку слаба. Како и да е, нозете на Меган Маркл и нозете на Анџелина Џоли се знак дека нивната исхрана е сведена на минимум. Експертите и нутриционистите со години предупредуваат дека претераната слабост, како и дебелина, не се добри за човекот.

Во случајот за Маркл и Џоли, на Твитер најдоминантен е коментарот: Дајте им нешто да јадат!

Со оглед на тоа дека пред врската со британскиот принц градеше кариера во филмската индустрија, јасно е дека Меган нашла начин како да ја задржи својата витка линија. Тој вклучува јога и придржување на здрава исхрана, а кога сака да си ја почести душата тоа најчесто го прави со чаша вино или помфрит. Пред да го избрише својот профил од Инстаграм, Американката објавуваше фотографии покажувајќи кои пози може да ги изведе на јога. Таа секое утро пие чаша топла вода со лимон, а потоа појадува житарки со банана. За ручек на менито е салата со протеини, додека навечер знае да се почести со тестенини со тиквичка, пармезан и чаша вино. Во интервјуто дадено за едно списание таа изјавува дека се труди колку може повеќе здраво да јаде, а нејзината исхрана вклучува и риба и зеленчук. Повеќе сака да јаде дома, отколку во ресторани.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close