Healthy Life

Рецепт од само 2 состојки кој ги топи мастите и по кој веќе полуде целиот свет

Веруваме дека сите оние кои имаат покачено ниво на маснотии во крвта, се обидуваат да пронајдат лек за себе. За таа цел, ви го препорачуваме овој лек од кој многумина се фалат, а за негова подготовка потребни ви се само две состојки и тоа 3 суви смокви и 200 милилитри јаболков оцет.

Лекот направете го навечер, а пијте го наутро. Земете три суви смокви, добро избоцкајте ги со чепкалка за заби од сите страни, а потоа ставете ги во стаклен сад во кој сте ставиле два децилитри јаболков оцет. Нека стојат преку ноќ, а наутро изедете ги трите скиселени смокви. Остатокот од оцетот немојте да го фрлате, туку во тој истиот оцет наредната ноќ повторно ставете три смокви подготвени на ист начин. Содржината ви е доволна за седум дена. Осмиот ден земете нови два децилитри оцет и постапката повторете ја уште една недела. Постапката за отстранување на мастите трае 14 дена.

Сувите смокви се многу здрави и хранливи, а слабо е познат фактот дека содржат повеќе калциум од кравјото млеко. Поради големото количество на бакар им се препорачува на луѓе кои имаат анемија, затоа што бакарот го поттикнува производството на црвените крвни зрнца.

Сувите смокви се добар борец против остеопороза и само десет суви смокви дневно превентивно делуваат против губењето на коскеното ткиво. Го забавуваат стареењето, добри се во војната против слободните радикали, богати се со антиоксиданси и го забрзуваат метаболизмот.

Јаболковиот оцет често се користи во исхраната, но тој има голема улога и во намалување на тегобите на некои болести и нивното спречување. Неретко, тоа се нарекува лек за сите болести. Докажано е дека јаболковиот оцет го намалува покачениот крвен притисок и е одличен сојузник во борбата против вишокот килограми.

Tags

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close