Stars

Од хотелската соба се слушало стенкање – нови детали од врската, Емина и милионерот во центарот на скандал што ја тресе Турција

Емина Јаховиќ заплови во романса со турскиот милионер Седатин Саран, а се најдоа во центарот на еден скандал кога во емисија на национална телевизија во Турција водителките изјавија дека поминале бурна ноќ во еден хотел.

Водителките на емисијата „Söylemezsem Olmaz Programı” која се дава на една национална телевизија во Турција први ја објавија приказната дека Емина Јаховиќ и Садетин Саран поминале заедно цела ноќ во хотелска соба, каде некои гости се жалеле на бучавата што доаѓала од нивната соба.

Покрај ова, турските медиуми веќе на големо зборуваат за нивната наводна романса, дека веќе живеат заедно, дека прават заеднички дом, но датумот кога ќе се вселат во новата куќа не е познат.

Кога Емина ги слушна овие информации, очигледно не и беше пријатно, па се огласи и објасни дека станува збор за лаги и манипулации.

„Само што слушнав неосновани лаги за мене и тажна сум. Никогаш нема да ги премолчам навредите кои две жени, водителки на национални телевизии ги кажаа за мене. Жените кои ги кажаа ваквите невистини дека една мајка на две деца во хотелска соба прави бучава се жени! Како жена може да направи таков брутален вербален напад на друга жена? Ќе ги искористам сите мои права како жена која животот ги посветила на своите синови. Мојот адвокат ќе започне правен процес кој се однесува на овие програми и коментатори. Не играјте се со гордоста на една мајка заради рејтингот, сакам да се разбудите во љубов“, напиша Емина на својот Инстаргам со следната порака.

Само да потсетиме, наводната тајна врска на Емина со 18 години постариот Садетин Саран уште на самиот почеток ја запали јавноста во Турција. Пејачката која скоро се разведе, веќе нешто повеќе од месец дена се гледа со угледен господин кој до сега се има разведено два пати и има една ќерка.

Но во изминатиов период турските медиуми постојано пишуваат за новата љубов на Емина, а неодамна објавија и дека со неговата поранешна жена пејачката дури и се познава. Во прашање е забарката Енек Кулур, а додека беа заедно радо се гледаа со парот Јаховиќ-Сандал на луксузните прослави во Истанбул
Како и да е, Емина се уште мудро молчи, а нејзината врска со милионерот се уште не е ниту демантирана ниту потврдена.

Во исто време медиумите почнаа да шпекулираат дека и Мустафа има нова врска. Имено, тие деновиве пишуваа дека се гледа со турската пејачка Симга Сагин за која велат дека многу потсетува на Емина.

Веста веднаш ги преплави турските медиуми кои наведуваат дека помеѓу овие две музички ѕвезди не постои само пријателски однос, туку дека Мустафа на овој начин покажал дека дефинитивно се заедно.

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close