Lifestyle

ЕВТИНО, МНОГУ ПРАКТИЧНО, А МОЖЕТЕ И САМИ ДА ГО НАПРАВИТЕ: Eве како да ја сочувате топлината во вашиот дом

Обична алуминиумска фолија ставете зад радијаторите, и на тој начин топлината ќе се рефлектира и ќе го направи вашиот стан неверојатно топол…

Доколку сакате ова зима да ви биде малу потопла искористете го овој паметен и мошне едноставен трик со фолија во која се колнат милион луѓе од целиот свет. Трикот е многу едноставен – обична алуминиумска фолија ставете ја зад радијаторот како би ја рефлектирала топлината и би го направила вашиот стан или куќа да биде уште потопол. Овој начин е користен особено за оние кои се греат на струја, па на овој начин ќе заштедите енергија.

Се што треба да направите е да земете едно парче со подебел картон, доволно голем за да ја покрие целата површина зад радијаторот. Картонот потоа добро го замотајте во алуминиумската фолија неколку пати, па така замотаниот картон ставете го директно зад радијаторите.

Можете и да го закачите за ѕидот.

Познато е дека алуминиумската фолија ја рефлектира светлината и топлината па на овој начин домот ќе ви биде потопол, бидејќи дел од енергијата што ја трошите без причина за да го загреете ѕидот, на овој начин преминува во станот. Баш како што фолија во чевлите ја чува топлината на стапалата, фолијата зад радијаторот ја чува топлината на станот!

Ваквите плочи во некои продавници можете да ги најдете и купите, но многу лесно можете и сами да ги направите.

Оние што го направиле тоа велат дека нема потреба да трошите пари бидејќи и обичната кујнска фолија одлично си ја врши работата, особено домовите кои немаат надворешна изолација, па ѕидовите постојано им се студени, и ваквите фолии во тој случај се од најголема корист. Ваквото греење со помош на фолии можете да го искористите на сите видови радијатори.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close