News

Еве како изгледа внуката на Јосп Броз Тито и нејзината ќерка – од овие фотографии ќе видите дека генетиката не е шега

Сара е студентка на Академијата за ликовни уметност во Загреб, а како што пишуваат медиумите во Хрватска, минатата година ја направи и својата прва самостојна изложба.

Семејството на некогаш најмоќниот човек во Југославија, Јосип Броз Тито, не се експонира многу во јавноста. Но неодамна објавените фотографии од внуката на Тито со неговата правнука предизвика големо внимание на социјалните мрежи.

Имено режисерката Саша Броз која е внука на Јосип Броз Тито, неодамна објави фотографија на својот Инстарам како позира со ќерката Сара, која што ја доби од бракот со актерот Ранко Зидариќ.

Како и нејзините родители, и Сара (24) заплови во уметничките води

Сара е студент на Академијата за ликовни уметности во Загреб, а како што пишуваат хрватските медиуми, минатата година ја имаше и својата прва самостојна изложба.

Сара Броз, Инстаграм

Хрватскиот портал „Глорија“ неодамна пишуваше дека Сара се обидува да заработува од своите платна, четки и бои. Таа на тој начин заработува за живот, но и за своите повремени патувања низ светот.

Сара Броз, Инстаграм

Таа во една пригода изјави дека од нејзиниот татко ја наследила емотивноста, а од мајката силата што ја има семејството Броз.

Сара Броз, Инстаграм

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close