Иконата на британските модни писти повторно ја освои титулата за најплатена манекенка на светот
Кејт Мос (44) е една од најплатените и најуспешните манекенки на сите времиња. Таа досега во текот на 2018 година заработи 9 милиони фунти и со тоа ја исфрли од тронот нејзината осумнаесет години помлада колешка Кара Делевињ. Ексцентричната Кара со нејзината заработка од 8 милиони фунти во 2017 важеше за најплатена манекенка во Велика Британија.
26-годишната манекенка иако е помлада и ги користи социјалните мрежи преку кои стекна огромна популарност, сепак нејзината постара колешка Кејт Мос е поискусна кога е во прашање бизнисот.
Кетрин Ен Кејт Мос е родена на 16 јануари 1974 година, а со манекенство започна да се занимава од нејзини 14 години. Неа ја пронајде Сара Дјукас, ловец на таленти од агенцијата Storm Model Management, и тоа на еден аеродром во Њујорк. Таа досега се појавила на преку 800 насловни страни на модните магазини како што е модната Библија Вог.
Најголемата слава ја доживува на почетокот на 90-тите како една од главните вниновнички за таканаречениот херои шик моден изглед на манекенките. Беше позната по своето слабо тело без облини, а за време на кариерата има соработувано со бројни познати модни куќи и дизајнери.
Во последно време таа е во центарот на вниманието поради вишокот килограми, но очигледни дека тоа воопшто не и пречи. И нејзините обожаватели се сложуваат со неа и коментираат дека ова е позитивна промена во животот на манакенката.
Брзото дебелеење некои го препишуваат и на нејзиното неодамнешно наводно лечење од зависност од алкохол. Таа во едно интервју изјави дека сака да добие дете и дека одлучила да престане да пие алкохол односно дека сé што ја спречува во нејзината желба да биде мајка ќе го исфрли од својот живот.
Кејт своето срце му го даде на аристократот Николај вон Бизмарк, а и двајцата се надеваат дека во скоро време ќе станат родители.