Lifestyle

Стабилно и топло, нетипично за оваа сезона: Еве какво време нѐ очекува наредните денови

Изгледа дека есента ни носи пријатни и топли денови. По вчерашното на места нестабилно време со врнежи, во текот на следните денови под под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса можеме да очекуваме стабилно, сончево и топло време, со мала локална облачност, и на места умерен ветер од североисточен правец.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 11 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат од 22 до 27 степени.

Европските хидрометеоролози најавуваат дека „летото“ ќе потрае, а во втората половина од оваа недела се очекуваат температури од седум до 10 степени повисоки во однос на просечните за овој период од годинава. Следниот викенд во северна Европа се очекуваат температури за дури 15 степени повисоки од просекот.  Многу топло време се очекува и во најсеверните делови на Европа, како резултат на ширење на топлиот бран преку Скандинавија и Атлантскиот океан се до Гренланд.

„Севир ведер Јуроп“ (Severe Weather Europe) на својот портал објави дека многу топло време се очекува во Централна Европа, каде температурите кон средината на оваа недела ќе се движат околу 25 степени, во Франција и Шпанија околу 30 и повеќе.

Во продолжение погледнете ја временската прогноза до крајот на овој месец.

 

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close