Александра Пријовиќ Живојиновиќ во комбинација со која се уште ги разгорува страстите на социјалните мрежи
Откако беше објавена веста дека Александра Пријовиќ се појавила на венчавката на нејзиниот татко, на социјалните мрежи се поведе дискусија поврзана со она во што беше облечена пејачката и како изгледаше. Имено, нејзиниот татко Недељко се ожени претходниот викенд, а Александра заедно со сопругот Филип Живојиновиќ присуствуваше на церемонијата.
Но она што го забележаа сите е нејзиното необично издание за еден ваков настан. Имано младата пејачка се појави во црни фармерки, кожени „моторџиски“ чизми и беж капут, а на лицето имаше дискретна шминка и косата и беше оставена да паѓа преку рамениците како воопшто да не била на фризер.
И бидејќи досега се навикнавме да ја гледам во високи потпетици и елегантни фустани, ова издание не изненади и нас како и многумина други на социјалните мрежи кои се прашуваат дали нејзиниот стил е примерен за венчавка, особено што во прашање е нејзиниот татко.
Но и покрај тоа што многумина и забележаа за стилот, сите едногласно се сложни дека Пријовиќ изгледа прекрасно поради бременоста, но и дека ваквите комбинации и стојат одлично. Таа носеше црни кожени чизми со елегантен беж капут со цврсто врзан ремен, а ефектните детали како кожните ремчиња на интересните чизми во какви навистина ретко ја гледаме и асиметричната јака на капутот го подигнаа целото издание на едно друго ниво.
Инаку, Александра треба да се породи во март 2019, а поради бременоста одлучи да ги откаже сите свои настапи. Таа реши да води помирен живот заради здравјето на бебето, па најверојатно и поради тоа се облекува соодветно и едноставно, а со тоа во прден план е нејзината трудничка убавина.
Впрочем како и кај секоја жена кога е во блажена состојба, нели?