Македонка која беше уапсена минатата година во Турција бидејќи држела Кубанки како бело робје деновиве треба да биде осудена од страна на турскиот суд. Девојките беа затворени во хотел, им беа одземени пасошите и два месеци беа принудени да работат како проститутки.
Една државјанка на Македонија пред една година беше приведена во Турција и обвинета дека направила мрежа од 40 проститутки користејќи 40 Кубанки кои ги измамила и од нив направила бело робје.
Македонката се соочува со тешко обвинение поради кои може долги години да заврши во турските затвори,
Како што пишуваат турските медиуми, таа преку својата агенција за посредување на интернет ангажирала 40 девојки од Куба на кои им ветила работа во студио за танцување за високо хонорари. Откако дошле во Турција, девојките биле затворени во хотелот, им биле одземени пасошите и два месеци беа присилени да се проституираат.
Македонката била задолжена за превозот на девојките. Една од Кубанките успеала да избега, го пријавил случајот во кубанската амбасада во Турција каде побара заштита. Потоа веднаш беше алармирана турската полиција.
Амбасадата ги врати девојките во Куба, а Македонката заврши во притвор и доколку ја осудат ја чека долгогодишен затвор.