Lifestyle

Игор Џамбазов го открива став за жените: Во животот нема да имам деца, затоа мора да се појави некоја жена

Веќе е јасно дека Игор Џамбазов, најпознатиот и најуспешниот македонски шоумен, во животот нема да има деца, па затоа го открива својот став кон жените и вели дека мора да се појави некоја во неговиот живот. Во едно Интервју Џамбазов открива: Жена за секс сега можеш да најдеш и на интернет. Мене ми треба жена за нормална комуникација, не ми треба да ми ги испере гаштите, тоа сам го правам одамна. Ми треба некоја да ми посака добро утро и добра ноќ. Значи расчистивме со тоа дека во животот нема да имам деца, затоа мора да се појави некоја жена. Некоја што ќе се грижи за сѐ она што сум го оставил: песни, филмови, книги… Знаеш која е мојата целна група: вдовици, разведени, оставени, немажени и млади пензионерки

Игор Џамбазов е еден од ретките луѓе кои собрале храброст да се соочат со себе и да си ги признаат грешките во сопствениот живот, а тоа го сподели со својата публика преку двете неконвенционални книжевни дела „Гол човек“ и „Прирачник за антиантиалкохоличари.“

Следните сурово искрени цитати од овие две книги, пренесуваат какви поуки тој извлекол од животот во врска со љубовта и пријателството, пороците и непријателството и како можете вие да ги избегнете истите грешки.

Тој се подготвува за големиот мултимедијален концерт по повод 50 години живот, 40 години од првата ТВ-улога, 30 години од првата професионална театарска улога, 20 години од првиот албум. Билетите за концертот на Џамбазов до 26 октомври чинат 300 денари, по што ќе се продаваат по 400 денари, а на денот на концертот цената ќе изнесува 500 денари.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close