News

Му кажувала „НЕ“ и да „ПРЕКИНЕ“, но тој не се откажувал и бил уште побрутален – уште една жена го обвини Кристијано Роналдо за силување!

Адвокатот на Кетрин Мајорга, американката што го обвини Кристијано Роналдо за силување, објави дека му се јавила уште една жена која тврди дека фудбалерот и го направил истото

Ми се јави жена која тврди дека поминала низ слично искуство, изјави адвокатот кој одби да го наведе името на непознатата Американка, но изјави дека ќе ги даде сите податоци на полицијата која реши да покрене истрага за случајот со Кетрин од 2009 година.

Според „Дејли мејл“ адвокатите ќе ја испрашуваат и поранешната девојка Гема Аткинсон со која се забавуваше во 2009 година, но за сега нема причина да се верува дека таа е новата жена што го обвинува.

Само да потсетиме Мајорга вели дека го запознала Роналдо во еден ноќен клуб по што тој ја однел во хотелска соба и ја силувал.

Девојката го пријавила сексуалниот напад во полиција, но истрагата била прекината откако од Роналдо добила пари.

Адвокатите на Кетрин велат дека била присилена да се откаже од обвинението против него. Документите што неодамна се појавија во јавноста покажуваат дека во прашалникот, што Кристијано Роналдо го пополнил во полицијата, во 2009 година, познатиот фудбалер признал дека ја силувал Кетрин, иако таа за целото време му кажувала „не“ и „престани“.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close