Stars

Ивона Јовановиќ со солзи во очите го раскажа својот тежок период од животот

Се појави на сцената на Гранд и ги освои сите со својот глас. Кумановката Ивона Јовановиќ постојано добиваше пофалби дека одлично пее но добиваше и критики за нејзиниот изглед, односно за вишокот килограми. Ивона немаше доволно среќа, па не стигна многу далеку. Меѓутоа, тоа не ја обесхрабри и таа повторно се појави во дванесетата сезона, односно претходната година.

И по вторпат, кумановката не стигна до самото финале, но овој пат одлучи да му каже збогум на „Гранд“ и на овој вид на наптреварување. По напуштањето на шоуто, Јовановиќ истакна дека нема повеќе да се пријавува.

Така, Ивона истакна дека Гранд не го прифатил нејзиниот изглед и дека таа не сака да го продава својот глас.

Ивона во едно видео прозборе за тешкиот период во животот, па вели: „Ми беше тешко. Почна со тоа што татко ми замина да работи во странство. Да работи пред се за мене, брат ми и мајка ми. Јас останав тука со брат ми и мајка ми, почнав да подготвувам испити. Имав некои проблеми во главата кои што ме мачеа дали сакам да го студирам тоа што го студирам. Од девојка што знае што работи се претвори во човек што не знае што сака.“ Таа е свесна дека во светот се случуваат многу страшни работи, но за нејзе ова било тежок период, како една раскрсница при што не знае на каде да се упати.

Покрај сѐ, Ивона многу тешко го фатила условот за на факултет, при што имала дополнителни стресови и нервози. За позитивна промена, таа викендов ќе настапува на Макфест.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close