Пејачката Наташа Беквалац по медиумските и брачните проблеми со сопругот се фокусираше на децата и кариерата.
И како и секогаш, во најтешките моменти покрај неа е нејзината сестра Кристина која е и виновна за новите фотографии и изгледот бидејќи веќе долги години е и нејзина стилистка. Обожавателите се воодушевени од фотографиите и порачуваат дека Ната е секс бомба.
Пејачката промовирајќи ја новата песна објави неколку фотографии направени за време на снимањето. Таа на нив носи предимензиониран сако – капут во силна боја и големи обетки, очила за сонце и чевли посипани со светкав материјал. И додека оваа комбинација на фотографија изгледа како нешто што е потполно модерно и шик во реалноста секако дека не би се осмелиле да ја носите при прошетка низ градот, а некои од фановите на Наташа се загрижени и за тоа што изгледа преслабо и сметаат дека е крајно време да почне да јаде.
Но Беквалац како и обично не е загрижена премногу за мислењето на другите и се подготвува за промоција на новата песна.