И по многуте скандали по кои е позната, Рита Ора не престанува да се соблекува. Таа призна дека нејзината мајка многу ѝ замерува на нејзината голотија, но и покрај тоа таа не престанува да ги почастува фановите со експлицитни пози и голотии. Последна во низата е фотографија на која Рита Ора има мокра коса, а ден фан ѝ препорача дека може да настине. Неодамна гола позираше за насловната на магазинот Clash, па сподели на социјалните мрежи каде што ја следат речиси 14 милиони луѓе.
„Се чувствував толку удобно во своја кожа. Беше многу ослободувачки“, објаснува Рита Ора. Сепак, нејзината мајка се чувствува незгодно поради сето ова. „Многу ја критикувам, ја прашав дали може да стави малку облека на себе“, признава мајката на Рита Ора.
Пред само неколку месеци пејачката Рита Ора на својот Инстаграм профил објави и фотографии каде што гола позира на плажа. Коментарите од нејзините обожаватели се во одреден дел позитивни, но и има онакви во кои се вели дека има премногу добар глас за да треба да се соблекува и привлече внимание.
Изминатите неколку години, албанската пејачка со косовско потекло, Рита Ора, стана една од најпознатите во светската музичка индустрија. Потребни беа само неколку хитови за Рита да се издигне до врвот и со тоа да ја запознае светската публика. За животот на Ора познато е дека со семејството се имигранти од Косово кои заминале да живеат во Лондон.
Мајката на пејачката, Вера Сахатчиу, денес има 52 години и важи за стилска дама која одлично знае да го истакне најдоброто на себе, пред се во моден минимализам.