Познатиот тенисер е остварен во улогата на татко, а открива и како ќе ги насочи своите малечки.
Откако ги добија Стефан и Тара, Јелена и Новак Ѓоковиќ се фокусирани на нивното растење. Покрај сите обврки кои ги имаат со работата, овој успешен брачен пар дава се од себе за нивното детство да биде безгрижно. За неколку дена Стефан ќе наполни четири години, додека нивната мала Тара има една година. Но, иако се малечки,тенисерот често добива прашање со што би сакал да се занимаваат неговите наследници.
„Една работа која ја сакам за своите деца е за 10, 50 години да ме гледаат на ист начин како што ме гледаат денес, секогаш да им се наоѓам и да бидат среќни во што и да работат. Притоа да имаме неисцрпна и бескрајна љубов и поддршка еден кон друг. Тоа е единствената работа која ја сакам. Што и да сакаат да работат мојот син и ќерка, јас секогаш ќе се трудам да им бидам најдобар можен ментор и поддршка, за да се остварат во таа област. Не сакам да им бидат пречка, па да мора да го работат она што јас сум го работел“, со насмевка раскажува Новак.
На социјалните мрежи можевме да видиме дека малиот Стефан е заинтересиран за тенис, а Новак за тоа вели: „Ако се случи Стефан, кој почна да игра тенис, да сака да биде шампион, јас ќе вложам секаков напор, сето свое знаење, искуство, врски, сето она што го научив за тој тоа да го оствари. Моментално во моето сре или во мојата глава не постои некој вид проект за моите деца. Но, никогаш нема да инсистирам да мора да се занимаваат со тенис“, истакнува Новак и додава: „Ако Стефан или Тара изразат желба да бидат тенисери, јас ќе им кажам: „Океј, супер. Полесно ќе ми биде отколку ако кажат дека сакаат да бидат актери“.“