Lifestyle

Александра Заева го потврди својот одличен стил, овој пат во есенска комбинација (Фото)

Александра Заева, ќерката на премиерот Зоран Заев, сѐ почесто можеме да ја видиме низ медиумите, кои го коментираат нејзиниот живот или пак нејзиниот стил. Таа е секси и згодна, а очигледно е под големо влијание на модните трендови.  Очигледно е дека Александра секогаш внимава на својот изглед и негува едноставен младешки стил, а овој пат имаме можност да ја видиме во една совршена есенска комбинација. Нејзиниот профил на Инстаграм е отворен за јавноста и нема дилема дека интересот за нејзиниот приватен живот расте секојдневно.

Заева е во врска со Иван Проданов, момчето со кое убавата струмичанка летото го помина во Грција, односно на островот Крф. Александра и Иван се во повеќегодишна врска, тие и во изминатиот период летуваа заедно, а како дестинации ги одбраа Виена и Будимпешта. Инаку, Заева се почесто може да се види во емисиите од забавен карактер на грчките телевизии. Најчестите коментари се дека е секси и згодна, а не изостануваат и информациите дека студирала во Солун.

Медиумите ги анализираат нејзините фотографи на нејзиниот Инстаргам профил, а подвлекуваат дека има и доста фотографии направени на Акрополис во Атина и дека одмара и на Халкидики во семејната куќа на Заеви. Премиерот Заев има уште едно дете, синот Душко кој е скоро три години помал од Александра.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close