Healthy Life

Пушачи, прочитајте: Рецепт кој ќе ве ослободи од никотинот во вашето тело

Сигурно и вие, како пушач, свесни сте за штетните последици од никотинот врз вашето здравје, но сепак, се оправдувате себеси дека тоа ви е навика од која не можете да се откажете.

Ако сте пушач веќе подолго време, сигурно вашите бели доброви во голема мера се оштетени поради самиот отров кој се собира со текот на времето. Затоа, потребно е да го најдете вистинскиот рецепт за вас кој ќе ве ослободи од штетните материи.

Имено, се смета дека комбинацијата од неколку состојки кои ви ги прикажуваме во продолжение, може да ви помогне во вашата намера.

Еве што ви е потребно:

  • 1 литар вода
  • Две лажички куркума
  • 400 грама шеќер
  • 400 грама лук
  • Корен од ѓумбир

Еве како да ги приготвите: Ставете ги водата и шеќерот да зовријат, а потоа додајте ги куркумата, ѓумбирот и лукот. Измешајте ги добро, па тргнете ги од оган и почекајте да се оладат. Овој пијалак потребно е да го чувате во фриќидер, а да ја консумирате два пати на ден. Идеално е да консумирате две лажици наутро нмапразен стомак и навечер пред спиење.

Зошто куркума?

Научните истражувања направени во последните 50 години, ги потврдиле позитивните својства на куркумата, со што докажале дека таа е вистинско чудо на природата. Куркумата има силно антиоксидативно, противвоспалително, антивирусно, антибактериско и антиканцерогено дејство, при што важи и за делотворна терапија и превенција од малигни болести, дијабетес, алергии, артритис и други заболувања. Куркумата е богата со витамини Б6, Б3, фолна киселина, калиум, железо, манган, а се смета и за добар извор на влакна. Добри резултати постигнува и кај ревматски заболувања.

Tags

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close