Родителите на Кристијан Андреев, момче кое на своите само 14 години боледува од тежок облик на аутизам и епилепсија, молат за помош.
Нему му се закажани три сесии – операции на матични клетки во Истанбул, Турција кои ќе чинат 38.600 евра, а неговата сестра преку емотивна поракаг и моли хуманите луѓе дадонираат за нејзиниот брат, за да може и тој да биде дел од неjзиниот роденден.
За родителите оваа сума е преголема, па затоа се моли кој колку може да донира. Да му помогнеме на Кристијан да биде подобар и да и ја исполниме желбата на малата Јована да може нејзиниот батко за прв пат да оди на нејзиниот роденден.
Доколку сте воможност донирајте на броевите 070-143-161 за корисници на Т-мобиле и 143-463 за корисници на Вип или уплата на жиро сметките 210-7000006478-05 за Македонија и IBAN CODE MK 07210501699259629 SWIFT TUTNMK22 NLB BANKA AD SKOPJE.
Она што нам не чини малку, другите ги чини живот!
Хуманоста не познава граници. Да бидеме обединети и да им пружиме помош на оние на кои најмногу им треба. Животот кон некој е посуров, кон некој поблаг, но секогаш се наоѓаме во некои искушенија кои не потсетуваат дека треба да бидеме обединети, да не се делиме и да даваме се од себе за другите да бидат среќни. Да се потсетиме дека доброто со добро се враќа!
Да направиме и малиот Кристијан да може да му се радува на животот, како секој еден од нас. Да му овозможиме да ги согледа убавините во овој свет и заедно со неговата сестричка да уживаат во детството!