Дара Бубамара се пофали на социјалните мрежи со својата линија, па и со бројот на килограми што го изгуби неодамна.
Познатата пејачка се обидува да јаде здраво и вежба постојано и редовно, и покрај бројните обврски што мора да ги заврши на време. Таа на свијот профил на Инстаграм призна и дека изгубила 10 килограми, а обожавателите воодушевени ја пофалија дека изглед одлично.
Ова не е прв пат Дара да варира со килограмите. Кога последен пат беше видно ослабена за медиумите изјави дека е на хроно диета.
„Едноставно решив да изгледам поинаку и да живеам поздраво. Полна сум со енергија и настапувам секојдневно“ изјави тогаш Радојка Аџиќ попозната како Дара Бубамара која веќе со години кубури со килограмите од кои никако не успева да се реши. Иако повеќе пати во јавноста зборуваше дека ослабнала, нејзините фотографии секогаш го зборуваа спротивното.
Сепак, овој пат разликата е воочлива. Фолкерката на социјалните мрежи откри како изгледа сега, а како за споредба еве и една нејзина фотографија од пред неколку години на кои се гледа разликата.
Комплиментите и коментари на сметка на нејзиниот изглед се и те како позитивни, а Дара е пресреќна што успеала да ја оствари својата цел и повторно да изгледа стегнато од глава до пети.