Stars

Тимот на Северина се огласи по скандалот со новите голи фотографии – еве кого обвинија

Повторно станува збор за одмазда на поранешниот партнер

Регионот повторно беше шокиран од новите фотографии на Северина Којиќ кои вчера се појавија на интернет. Нејзиниот менаџер Томица Петровиќ се огласи по овој повод со слична изјава што ја даде и претходниот пат.

Како што беше случајот и минатиот пат, повторно се работи за одмазда на поранешниот партнер на Северина и за контуирана кампања за дискридитација на пејачката што трае подолго време и во која не се избираат средства, изјави нејзиниот менаџер за медиумите.

Којиќ очигледно не ја поднесе добро појавувањето на новите фотографии па мораше да го откаже настапот во Германија.

„Вечерашниот настап во клубот е одложен. Им благодариме на организаторите во Нирнберг и на сите вас за разбирањето. Жал ни е и тоа што ова требаше да биде прв настап на Северина во Нинберг и тоа што организаторите максимално се потрудиле да имаме незаборавна вечер. Наскоро ќе го објавиме новиот термин за настапот“, пишува во соопштението што Северина и нејзиниот тим официјално го објавија по скандалот на социјалните мрежи.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close