Lifestyle

Амди Бајрам проговори за себе и за жените во својот живот (Видео)

Амди Бајрам е македонски политичар и претседател на политичката партија Сојуз на Ромите од Македонија.

Најстариот пратеник по мандати во Собранието на Република Македонија во интервју за 1ТВ вели дека не бил цвеќе за мирисање дури бил млад, бил кафеански човек кој сака да се дружи и со млади и со стари. Тој вели дека ги сака насмеаните жени а себеси се пофали дека секогаш е скоцкан. Тој пред камерите на Ексклузив отворено прозбори за неговата политичка кариера, но и уште позанимливи детали од неговиот приватен живот. Во тој контекст тој раскажа дека во животот имал многу жени, па со сите се справувал успешно.

– Легнувам во 2 сабајле, станувам накај 8 до 9, имам кратко спиење, работам некаде, се движам околу 18 саати сигурно. Темпото ми е такво, сакам да бидам меѓу сите граѓани и да учествувам секаде, вели пратеникот Амди Бајрам во интервјуто.

Тој додава дека е човек во душа кој сака секогаш да биде со луѓето. Амди Бајрам има 19 внуци и 3 правнуци.

Во продолжение погледнете го целото интервју.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close