News

На видеото се гледаат напаѓачите, а се уште никој не е уапсен? Погледнете што се случувало пред куќата на Цеца во моментот на нападот

Семејната куќа на Цеца Ражнатовиќ на 30 септември беше нападната во утринските часови кога три автомобили удрија во вратата на нејзината куќа во Белград.

И три дена подоцна и покрај тоа што камерите го имаат забележано нападот, вандалите се уште не се пронајдени, а Цеца и нејзиното семејство е под голем стрес бидејќи некој можеше да настрада за време на нападот. Најпрво малите деца на нејзината сестра Лидија кои биле во просторијата во која се наоѓаат столбовите на куќата во која беше удирано, а кои во тоа време се подготвувале да го напуштат домот и да тргнат на излет.

Фолк ѕвездата е видно вознемирена поради настанот, и посебно поради фактот што тоа и се случило два пати досега, а никој не е уапсен.

„Ги чекам резултатите! Нема да се откажам додека на вандалите не им застанам на патот! Секогаш седевме на својот имот, во својот дом доста е веќе!“ порачува видно разочарана Цеца и се прашува кога нејзе и се случува нешто вакво, што ли се трпат луѓето што не се јавни личности.

„Морам да знам зошто и кој е тоа. Што би било ова да се случи на некоја жена која не е јавна личност. Бесна сум и разочарана…“ вели таа за Телеграф.

Само да потсетиме, напад на Цеца и на нејзиното семејство се има случено два пати досега. Прв пат во мај 2014 кога група хулигани го нападнаа Вељко пред нејзиниот семеен дон затоа што навивал за партизан.

Втор пат наоружани вандали со пиштол удирале по истата железна врата по која сега удираа со автомобил, и се обидуваа да ја срушат.

Ни тогаш ни сега, никој не е уапсен.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close