Хоакин Финикс е еден од најпознатите и најбараните холивудски актери, а пред да се прослави доживеал трауми со чии последици се бори и ден денес.
Траумите од детството, просењето, животот религиозен култ, сексуалното злоставување и на крај семејната трагедија, го одбележија растењето и младоста на познатиот актер Хоакин Финикс, кој денес ужива во голема почит. Уште како дете одрастел без своите родители, браќа и сестри како дел од култот „Божји деца“. Сето тоа оставило трага на младиот Хоакин кој и покрај сите несреќи во минатото успеал да се ослободи од некогашниот свој живот и да се оствари како успешен холивутски актер.
Финикс како дете со своето семејство припаѓал на култ кој учествувал во чести сексуални оргии. Кога неговите родители сфатиле дека култот не се занимава со религиозни прашања, туку само со сексуални активности, го напуштиле култот и се преселиле на Флорида, каде прво го промениле презимето во Финикс, што требало да претставува нов почеток. Тука тој бил приморан да проси на улица заедно со неговиот брат и неговата сестра.
После одредено време поминато на улица, бил забележан од некој филмски агент за таленти и му понудил да глуми во реклама. Првата значајна улога Хоакин ја имал заедно со неговиот брат во филмот “The Riddle of Dyslexia”, а неколку години подоцна глумел заедно со легендата Стив Мартин. За траумата од детството како и за својот приватен живот, Хоакин речиси никогаш не зборува, а во една прилика им рекол на новинарите дека и понатаму тешко го поднесува фактот дека останал без брат. Две години по смртта на братот, Хоакин се вратил на актерството, но играјќи споредни улоги.