Серкан Чајоглу, турскиот актер од познатата серија „Сезона на црешите“, покажа дека е вистински заводник. Не само во серијата, туку и во реалниот живот тој е посветен на својот изглед и постојано е спортски активен, при што изгледа сосема неверојатно.
Роден е во 1987 година во Германија, каде израснал и работел како модел. Вистинска слава доживува со улогата во хит серијата “Сезона на цреши”, по што следи и “Љубовта на мојот живот”.
Во “Љубовта на мојот живот”, Серкан го толкува Демир, сопственик на маркетинг агенцијата каде што работи Ѓокче, образован и богат ерген, сон на секоја жена во Истанбул. Но, проблемот е што тој не и обрнува внимание на Ѓокче, а таа несвесно запаѓа во смешни ситуации поради нејзината опседнатост со шефот.
Периодов тој е доста променет визуелно, односно има брада, па тешко би препознале дека станува збор за истата личност. Серкан во поновите објави, сподели фотогрфија на која позира во разголено издание, покажувајќи го своето мускулесто тело, осовено впечатливите стомачни.
Инаку, освен актер, Серкан исто така е доста ангажиран модел во Турција и не ретко го има на насловните страници од престижни модни магазини.
Во романтичната комедија „Сезона на црешите“ е во главна улога со актерката Озге Гурел. Она што е интересно дека љубовта од приказната снимена во 2014 година се пренесе и во реалноста. Озге и Серкан се заедно веќе неколку години, а својата љубов не ја кријат од јавноста. Обожавателите пак, дополнително ги засакаа со тоа што имаа можност да ги видат како двојка на ТВ екраните.