News

Цел свет во жалост – познатиот пејач и боем Шарл Азнавур, кралот на француските шансони, замина во вечните ловишта!

Францускиот пејач, композитор и актер Шарл Азнавур го заврши животот во својата 94 година

Шарл е роден во Градот на светлината, Париз, како син на ерменски имигранти Мишел Азнавурјан и Кнар Багдсарјан. Неговите родители исто така беа уметници, а од раниот период го имаат внесено во светот на театарот.

Во кариертата долга над 70 години, продал повеќе од 100 милиони плочи во 94 земји ширум светот. Снимил 1.200 песни, неговата музика е користена во повеќе од 80 филмови, а пееше на седум јазици. Неговите песни ги изведуваат ѕвездите како Боб Дилан, Елвис Костело, Пласидо Доминго, а CNN совевремено го прогласи за „забавувач на векот“.

Кариера

И Азнавур, како и многубројни други француски пејачи, прва го открила легендарната Едит Пјаф. Со текот на годините станува извонреден поет и текстописец. Првите песни ги напишал уште во 1941 година во соработка со Пјер Роше, а во 1946 година Пјаф го ангажирала за нејзината турнеја. Веќе во 1947 година добил Гран при дела шансон за песната „J’ai bu“.

Ја придружувал Пјаф на нејзината турнеја по Америка и речиси венаш ја освоил американската публика кога го споредува со Френк Синатра. Во 1953 година доживува триумф на турнејата по Мароко.

Следат во 1954 година настапите во престижните париски „Олимпија“ и „Мулен руж“, а во 1955-та станува прата планетарно популарна ѕвезда.

Потоа неговите слава и популарност се во постојан подем, а откако во 1966 продава повеќе од милион примероци од плочата со песната „La Mamma“ повеќе не се симнува од листата на најпопуларните.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close