Денес вели кон него чувствува само сожалување
Италијанската актерка Азија Арџенто пред само неколку месеци го закопа својот избраник, познатиот готвач Ентони Бордејн, кој изврши самоубиство во својата хотелска соба. Тие беа еден од најпознатите парови на светската сцена.
Потоа таа беше само една од низата познати дами кои го обвинија холивудскиот продуцент Харвиј Вајнстајн за сексуално вознемирување. Не помина долго по тој настан, и самата беше обвинета дека била интимна со актерот Џими Бенет кој во тоа време бил малолетен.
Актерката демантираше дека имала однос со американскиот актер, кој ја обвини за сексуално вознемирување.
Подоцна сепак призна дека имала секс со тогаш се уште малолетниот актер, но одби да прифати дека тој бил жртва и вели дека тој на неа се фрлил и сакал да води љубов со неа, како што истакна таа. Таа денес за Бенет, кого го опипа како изгубена душа, покрај бес, чувствува и сожалување.
Таа вели дека во Њујорк тајмс во првата реакција раскажала друга приказна за да не мора да ги „открива скаредните детали“ но и дека прифатила состанок со Бенет за да му помогне за да се подготви за проба.
Тога дословно се фрли на мене, вели актерката додавајќи дека во тој момент се здрвила, била збунета и не можела да реагира. Според нејзините зборови, таа не знаеле дека актерот тогаш имал само 17 години.
Бенет пред недела дена на исиот канал повторно ја обвини актерката, на прашањето дали останува при изјавата дека таа него сексуално го вознемирувала, тој му одговори на водителот.
„Да, тоа е точно. Жената може да биде убава и привлечна, но сепак сексуално да го искористи мажот“, изјави тој.