Зад сликата на совршено семејство, како што се прикажуваа во јавноста, се крие нешто сосема друго.
Две години после разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит испливаа нови детали за нивниот брак. Зад сликата на совршено семејство, како што се прикажуваа во јавноста, се крие нешто сосема друго. Иако изгледаше дека нема лесно да заздрави после раскинувањето со Анџелина, Бред Пит изгледа дека ниту малку не жали за бившата љубов. Од друга страна, странските медиуми наведуваат дека актерката долго се премислувала кога требала да ги даде документите за развод. Како и да е, шансите за смирување биле минимални.
„Бред е целосно рамнодушен. Не жали за Анџелина, ниту размислува за тоа да ѝ даде втора шанса. Последните години од бракот со Анџелина беа вистински пекол за него. Често се прашуваше дали ја познава вистинската Анџелина, затоа што не можеше да сфати дека жената во која се заљубил и се оженил, може така да се однесува кон него“, открива извор близок на актерот.
Потоа го додал и следново:
„Се помири со ситуацијата и продолжи понатаму. Децата му се на прво место, тие му се сѐ на светот.“
Да се потсетиме, порано се шпекулираше дека Џоли жали поради разводот и дека постојано се преиспитува себеси дали ја донела вистинската одлука, затоа што Бред секојдневно сѐ повеќе ѝ недостига.
Денес во медиумите како причини за разводот се наведуваат конфликти околу децата, злоупотреба на супстанции и проблеми со контролата на бесот. Наводно, Џоли ја донела одлуката заради односот на Бред кон децата. „Оваа одлука е донесена за здравјето на семејството. Таа нема да коментира засега и бара на семејството да му биде дадена приватност за време на овој тежок период“ – изјави адвокатот на Џоли во почетокот на процесот за развод.