Мислевме дека е 37 но еве што велат научниците …
Не постои дефинирана вредност за нормална телесна температура, бидејќи таа е повисока за жени отколку за мажи, повисока за деца отколку за возрасни, а најниска е наутро, во раните утрински часови. Жените дополнително се потопли за време на бременоста и кога се во овулација.
Имено, резултатите покажуваат дека температурата 37,2 Целзиусови степени не е нормална за наутро, а може да биде потполно прифатлива за во 16 часот, заклучуваат студиите спроведени на основа од 11,458 температурни листи во една болница во Америка, а пренесе магазинот „Генерал медик“. Научниците во таа студија заклучуваат дека нормална температура кај возрасните во текот на денот е 37.2, а треската започнува кога ќе се премине таа вредност.
Телесната температура треба да се набљудува флексибилно во контекст на старосната возраст, полот, периодот од денот, но горниот праг на нормалната температура изнесува 37,7 степени Целзиусови.