News

Јована и Жељко Јоксимовиќ ги покажаа близначките: Ова е прва фотографија од нивните ќеркички

Среќното семејство ужива во секој момент, затоа што со нив тројца во куќата, веруваме дека никогаш не им е досадно.

Водителката Јована Јоксимовиќ и нејзиниот сопруг, пејачот Жељко, денес го прославуваат првиот роденден на своите близначки. Точно пред една година се родија Срна и Ана и семејството го направија побогато за два члена. Јована својата среќа и радост ја сподели со нејзините следбеници на Инстаграм, објавувајќи фотографија на која се ќеркичките и нејзиниот син Коста.

Таа под фотографијата напиша: Пред една година дојдоа на свет… денес, тие се мојот живот, НАШИОТ ЖИВОТ.

Од кога близначките дојдоа на свет, нивниот живот целосно се промени, за што и самиот пејач зборуваше неодамна. Среќното семејство ужива со нив, зашто им е исполнет буквално секој миг.

Жељко и Јована се во хармоничен брак, а за себе велат дека тајната за успешниот брак лежи во тоа што секогаш самите себеси се ставаат на прво место.  Од првиот брак Жељко ја има ќерката Мина, за која и самиот тој вели дека има голем музички талент.

Поранешната негова сопруга се вика Весна, а тие стапија во брак кога Жељко имаше 23 години. Кога требало да се склучи новиот брак, во српските медиуми се ширеше вестта дека пејачот побарал од Српската православна црква да му го поништи првиот брак, за да може на Јована да ѝ се заколне на вечна љубов.

Сопругата на Жељко Јоксимовиќ, Јована Јоксимовиќ важи за една од најдоборо стилизираните жени на домашната сцена, а со својот стајлинг секојдневно го привлекува вниманието на гледачите на „Утро со Јована и Срџан“.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close