Lifestyle

Бубашваби, глувци, нечистотии – искрена исповед од вработена во пекара. Дали воопшто знаеме што јадеме?!

Сите понекогаш имаме навика да јадеме надвор, без разлика дали е во некоја пекара или ресторан. Но, знаеме ли како се подготвува храната која доаѓа до нас убаво сервирана, во прекрасни чинии и со прекрасен вкус? Па, изгледа дека не.

Една девојка по име Милана која е вработена во пекара во Србија, открила застрашувачка вистина која се случува во пекарите на скапоцените ресторани. Таа, заедно со нејзиното момче, долго време работеле како пекари во ресторани во Србија, каде гледале во какви услови работат тие и каде се готви храната.

Таа рекла дека воопшто не е необично да се борат со бубашваби и глувци на места каде се подготвува храна, односно дека сопствениците на овие објекти не внимаваат на хигиенските услови додека добро им оди продажбата. Милана своето искуство го пренела и на студентите на сите белградски универзитети, кои се бунеле на квалитетот на храната во мензите, односно сакала да им доближи зошто е тоа така.

-Трпеливо молчев досега, но не можам, морам да искоментирам нешто во врска со оваа критика на сметка на мензите. Имав задволство да работам еден период во пекари, заедно со моето момче кој беше готвач. Избегвме од таа индустрија и тоа поради ова: Буреците и пиците од 50 денари кои ги купувате во пекарите главно се произведуваат во простории по има бубашваби, а се наоѓа и по некој глушец. Работев во пекара во која додека правиш сендивч ти влезе купувач, мораш да го оставиш на пола и да го услужиш клиентот, а кога ќе се вратиш врз сендвичо шетаат бубашваби“, рекла Милана.

Секој леб или кифла што ќе падне на под уредно се враќа на полица. Печурките на пицата никогаш не се мијат пред употреба.

Таму каде што има брашно има и бубашваби, а инспкецијата тука не помага многу,. Не сте свесни што јадете“, рекла Милана.

 

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close