На белградските улици деновиве е поприлично весело
Во Белград „Парадата на гордоста“ помина како никогаш досега. Учесниците се прошетаа од Славија до Студентскиот плоштад и со ова го означија крајот на „Неделата на гордоста“ која започна на 10 септември. Кума на овогодишната парада која се одржуваше под слоганот „Кажи да“, беше новинарката и водителката Сузана Трнини.
Голем број припадници на LGBT заедницата и од Македонија беа на одбележувањето на овој ден, а медиумите го забележаа и првиот бакнеж.
Прв пат повеќе учесници во Парадада од полицајци
Инаку, како што пренесуваат медиумите, парадата помина без поголеми инциденти, а беше забележано и собирање на помал број противници на Парадата, во главно со црковни обележја. Имало и апсења, велат од Здружението што ги организираше противниците …