Сигурно и вие како и другите не сте свесни за лековитите својства на смоквите. Без разлика дали е свежа или сушена, смоквата е богата со многу здрави фито-нутриенти, антиоксиданси и витамини.
Сочна и слатка, смоквата е едно од првите овошја во кои уживале и нашите предци. Смоквата има многу ниска содржина на масти, а побогата е со влакна од било кое друго овошје и зеленчук па затоа треба да се консумира секој ден. Пектинот е растворливо влакно кое го намалува нивото на холестерол во крвта, додека триптофанот помага при проблеми со циркулацијата како и при несоница.
Благиот вкус на смоквите совршено се сложува со солени вкусови, како на пример овчото и козјото сирење, па може да се додаде кон разни компоти или јадења. Од свежата смоква може да се направи слатко,компот, џем и ферментирани пијалоци. Висока вредност на магнезиум. Магнезиумот е еден од основните елементи кои го штитат нашиот нервен систем од стрес. Многу е важен за коските, имунитетот, задравјето на мозокот и нервниот сиситем. Го поттикнува здравјето и виталноста, лечи бројни болести и значително го забавува процесот на стареење. Сушените смокви содржат тројно повеќе магнезиум од обичните.
Секако, дијабетичарите треба да бидат претпазливи. Свежата смоква содржи до 80% вода и 60% природен шеќер, што е причина плус за да ги консумирате секојдневно. Слаткиот богат вкус ќе ги задоволи вашите потреби, а исто така од нив может да направите и компот, џем или одредни фрметирани пијалаци.
Не избегнувајте го ова сезонско овошје кое е толку корисно и кое може да ви помогне во борбата со многу болести, а во многу случаи ќе ве натера да се откажете и од лекарствата кои ги консумирате!