Познатата манекенка Емили Ратајковски беше на протести во Вашингтон, а протестираше против Брет Кавано, судија кого Доналд Трамп го предложи за врховен судијана САД.
Стотици луѓе изразија незадоволство против номинацијата на Кавано, откако три жени го обвинија за сексуално злоставување, пренесува Си-ен-ен. Протестот се случи откако беше објавен извештајот на ФБИ во врска со случајот на Кавано, кој ги негираше обвинувањата.
Манекенката Емили Ратајковски и комичарката Ејми Шумер беа меѓу 302-те лица кои вчера беа уапсени на демонстрациите против номинацијата на Брет Кавано за Врховниот суд на САД, што се одржаа пред американскиот Сенат во Вашингтон.
Откако ја пуштија од полиција, на својот Инстаграм профил Емили напиша: „Бев приведена денеска на протестите против човекот кој е обвинет од повеќе жени за сексуално злоставување. Човек што е непримерен кон жените не може да биде на така моќна функија. Потврдата на неговата кандидатура е пораката кон жените во оваа земја деа не се важни. Барам Владата да ги почитува и поддржи жените еднакво како мажите.“
На протести повикаа феминистички организации и здруженија за човекови права. Демонстрантите носеа плакати на кои, меѓу другото, стоеше „Верувајте им на преживеаните“ и „Не ги предавајте жените, гласајте со НЕ“. Жртви на сексуално насилство допатуваа во Вашингтон од повеќе американски сојузни држави за да им го опишат на сенаторите она што го преживеале.
Американскиот претседател Трамп во петокот од ФБИ побара да ги провери обвинувањата против Кавано за сексуални напади. Иследниците добија рок од една недела да ја завршат истрагата. Во средата вечерта извештајот на ФБИ им беше поднесен на сенаторите. Со оглед на брзината на постапката, повеќемина демократски сенатори изразија сомнеж во темелноста на истрагата на ФБИ за кандидатот за една од највлијателните судски функции во САД.