Во Шпанија постои еден град по име Понтеверде, каде што луѓето живеат поспокојно. Нема сообраќаен метеж, децата се безбедни бидејќи не постои можност да бидат удрени од некое возило.
Мигел Анчо Фернандез Лорес е градоначалник на овој галициски град од 1999 година. Неговата филозофија е едноставна: фактот дека поседувате автомобил не ви дава право да го заземате јавниот простор. “Се случува пензионерите или децата да не можат да пешачат на тротоарите од паркираните автомобили. Како е можно еден приватен посед да зазема јавен посед?”, вели Лорес.
Пред тој да стане градоначалник, секојдевно поминувале над 14 илјади автомобили низ ова гратче. Според неговите зборови, имало повеќе автомобили отколку жители, а поради неговата политика, Мигел бил дури четири пати избран за градоначалник. Загадувањето на воздухот е драстично намалено, а исто така од 2009 година немало смртни случаи како резултат на сообраќајни несреќи.
Откако е воведена забраната во 1999 година, 12 илјади жители се преселиле во центарот, а од друга страна, сообраќајот на периферијата е зголемен.
27 септември 2018, 18:19 Сподели Сподели ,,Доколку некој сака да се венча во строгиот центар на градот , нема проблем , може младоженците да пристигнат со автомобил , а другите нека одат пеш. Истото важи за погреби.” , рече градоначалникот Мигуел Анксо Фернандез Лорес.
Решил во градот веќе да нема сообраќајни несреќи , да не се задушува во смог и да им даде шанса на неговите жители и натуристите да уживаат во прекрасните делови на стариот град до скоро претрупан со автомобили. Не само што забранил паркирање , туку и секаков сообраќај .
Само во посебни случаи , со дозвола од градските власти може да се помине со автомобил .Тоа важи за венчавнки и слични прилики.