Stars

Фаталната Северина во депресија – поради новиот скандал со експлицитните фотографии може да остане без старателство над синот!

Најмногу е загрижена за своето дете

Северина тешко го пребродува последниот скандал со фотографиите и покрај тоа што ова не и се случува прв пат во животот. Откако експлицитните фотографии се појавија во јавноста, хрватската пејачка стравува дека за истите може да дознае и нејзиниот наследник и дека во училиште ќе се шегуваат со него.

Северина Којиќ овој пат лошо го поднесе тоа што во јавност повторно се појавија фотографии на кои е потполно разголена, бидејќи нејзиниот син сега оди на училиште и многу лесно може да дознае што се зборува за неговата мајка, а тоа би можело многу негативно да влијае на неговиот развој.

Малиот Александра кој го доби од врската со српскиот бизнисмен со кого води судски спор за старателство, сега оди на училиште и комуницира со останатите деца, па неговите сокласници лесно можат да почнат да го задеваат со него затоа што неговата мајка заврши разголена во весниците. Тие сите се деца и можат да почнат да го провоцираат и школото да му го претворат во пекол, па Северина е загрижена и се обидува да смисли начин како да го заштити малиот од потенцијални непријатности, вели нејзината пријателка.

Таа со денови не излегува од својот стан, потполно е повлечена, па дури и на тренинзите не оди додека друштво и прават нејзиниот сопруг и мајка. Покрај неа се и нејзините најдобри пријатели, но таа едноставно не може да излезе од лошиот „филм“ и да се соочи со проблемите. Сите што ја познаваат се изненадени бидејќи и порано имало вакви слични ситуации по кои пејачката секогаш излегувала уште посилна и успевала да го заврти работите во нејзина полза.

Нејзиниот менаџер истакна дека се сомневаат дека ова го направил нејзиниот поранешен партнер додека Северина се уште се нема огласено во врска со скандалот, но ги откажа сите настапи.

Според адвокатите сега нејзиниот поранешен партнер, Милан Поповиќ би можел да го добие старателството над детето. Правникот Небојша Перовиќ, за српскиот портал Информер соопшти дека поради преголема желба за гледаност и слушаност пејачката презема промискуитетни дејствија и поради тоа може да и биде одземено старателството.

„Сигурно дека малолетното дете би имало подобро и понормално детство и ќе се развие во нормална личност доколку е крај својот татко кој е деловен човек. Клучната улога во ова треба да ја има Центарот за социјална работа, кој треба да процени дали е е подобро детето да живе и расте покрај својата мајка која покажува разголени фотографии на социјалните мрежи“, вели адвокатот и додава дека разголените фотографии не се единствената причина поради која треба да му го доделат старателството на Поповиќ.

„Доколку мајката е промискуитетна, за детето никако не е корисно да расте покрај неа. Имајќи ја во предвид дејноста со која се занимава госпоѓа Којиќ, очигледно е дека таа не може во доволна мера да му посвети внимание и грижа на детето. Не може адекватно да го воспитува детето бидејќи поради пеењето често отсуствува од дома,“ заклучува адвокатот.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close