Stars

Карлеуша на Евровизија во Израел? Србите во шок …

Најбараниот продуцент во Србија, Слободан Вељковиќ Цоби (Coby) сака да ја испрати Јелена Карлеуша на Евровизија.

Според сопствено убедување, а како што пренесува српскиот весник Курир, тој е подготвен да и понуди на поп дивата песна со која ќе успее да ја освои европската публика, но и да работи со неа.

„Би сакал да соработувам со Карлеуша. Таа има енергија и квалитет“, изјави тој во интервјуто за Курир и додаде дека би сакал Јелена Карлеуша со негова песна да ја претстави Србија на Евровизија. Според српските медиуми, Цоби и Карлеуша веќе зборувале за соработка, но се уште не е познато дали нивната песна ќе се најде на листата со нумери кои потенцијално би ја претставувале нивната земја на најголемиот европски музички натпревар.

Како и кај нас, така и во Србија секоја година е актуелна темата за Евровизија, а дали Карлеуша би можела навистина да ја претставува државата се уште нема никакви потврди од РТС. Јавниот конкурс за композиции веќе е распишан и е отворен до 1 ноември 2018, а ќе биде избрана онаа песна што ќе освои најголем број гласови од стручното жири и публиката.

Инаку, Евровизија во 2019 ќе се одржи во Израел.

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close