Lifestyle

Еве зошто цел Монте Карло гледаше во поранешната девојка на Филип Живојиновиќ

Актерката се појави во Монте Карло во едно многу провокативно издание.

Маја Манџука беше една од најубавите српски актерки во 2000-тите години. Таа се пресели во Америка каде што сега е нејзиниот дом. На социјалните мрежи ја нема, во јавноста публиката може да ја види многу ретко, па затоа и многу беа воодушевени кога Маја се појави гала вечерта во Монте Карло која ја организираше принцот Алберт.

Маја се најде во друштво на бројни светски ѕвезди како што е Алесандра Амбросио, Кети Пери и бројни други познати фаци, а за оваа прилика одбра кремаст фустан со чипка, со златни детали, кој совршено ја истакна нејзината витка фигура, а со длабокото деколте мамеше погледи.

Фустанот што го носеше Маја е дело на познатиот српски дизајнер Дарко Костиќ кој е долгогодишен пријател на Маја. Тој на Инстаграм се пофали дека ја облече за оваа гала прилика. Маја веќе повеќе од една деценија живее во Америка и успешно плива во продуцентските води.

Актерката Маја Манџука го освои срцето на Филип Живојиновиќ пред неколку години и тие беа складен пар за кој јавноста многу се надеваше. Но, нивната врска се растури брзо и тоа на изненадување на многумина. Во 2001 година Маја Манџука се прослави со улогата на Кате во филмот „Муње“, после кој имаше уште неколку важни улоги. Таа во Америка го доврши образованието и денес гради успешна кариера. Иако живее на релација Америка-Белград, сепак, се чини дека Маја веќе многу поретко се навраќа во овие краишта.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close