Речиси секој се чувствува незадоволно од оние финансиски средства кои ги заработува, па постојано ев о потрага по нови начини на заработка. Но, понекогаш основата лежи токму во вас самите. Треба да научите да се мотивирате, да имате желба за знаење и да останете фокусирани. Лидерите и богатите луѓе имаат свои одредени навики кои ги водат до посакуваниот успех. Потребно е само да вложите малку труд, зашто факт е дека не можете целосно да се потпрете на среќата. За да започнете, постојат неколку навики што би требало да ги стекнете – можеби ќе ми треба малку повеќе време за да се навикнете, но така се доаѓа и до напредок. Во продолжение дознајте нешто за нив.
Станувајте порано
Зар познавате некој лидер кој спие до доцните часови?! Истражувањата покажуваат дека 79 отсто од богатите поминуваат пет часа месечно на создавање контакти – одат на конференции, запознаваат клиенти, одат на онлајн семинари, договараат состанови итн. Тоа што ќе поминувате време со истомислениците ви овозможува да се усогласите со другите и да учите од нив. Оној круг на луѓе со кои што се дружите го обликува вашиот свет – можете да го промените целосно исходот на вашата кариера со тоа што ќе се опкружите со успешни луѓе што на нешто ќе ве поучат, ќе ве поткренат и ќе ве поддржат.
Читајте што е можно повеќе
Читајте и мотивирајте се да сакате да знаете повеќе. Она што веќе го знаете постојано треба да го надополнувате со нови информации, да бидете активни, да ги следите најновите случувања, при што рационално ќе можете да расудувате и да ги донесете потребните одлуки.
Бидете организирани и направете листа со вашите приоритетни работи
Можеби на ум имате илјадници работи кои сакате да ги остварите, но сепак, мора да ги слектирате вашите приоритети со цел да постигнете одреден успех. За да ја постигнете конечната цел, морате да го наведете она што сакате да го остварите. Поголемиот број богати луѓе секојдневно прават листи со тоа што треба да го направат, дури 81 отсто од нив!
Всушност 67 отсто богати луѓе да ги исполнат нивните дневни обврски – имаат јасно зададени цели и предадено работат на тоа да ги исполнат.