Lifestyle

Емотивна љубовна приказна за штрковите Клептан и Малена од Хрватска – саканиот си замина, но повторно ќе и се врати следната пролет

Е ова е вистинска љубовна приказна

Љубовната приказна меѓу штрковите Клепетан и Малена веќе шеснаесет години по ред ги затоплува срцата на илјадници Хрвати.

Така беше и оваа година бидејќи нивната слатката „романса“ продолжи кога верниот штрк слета во гнездото на својата сакана. Но по неколку месеци, Клептан мораше повторно да ја напушти Малена и да емигрира во Јужна Африка. Тоа се тешки моменти за него и за неговата сакана, која мораше повторно да се збогува со него, бидејќи не може да лета веќе 22 години поради повреда на крилото од ловец. Клепетан секоја година минува повеќе од 13.000 километри за да се врати во гнездото, каде Малена трпеливо го чека.

Десет години по ред Клепетан се враќал на истиот датум (24 март) во исто време, но во последните години тој пристигнува со задоцнување. Секое негово задоцнување ги загрижува мештаните, но кога тој ќе се појави сите се среќни, а најмногу Малена. Најголемото задоцнување на штркот било 18 дена.

 

И додека тој е на југ, за неговата љубена на покривот во училиштето во Бродски Варош се грижи Стјепан Вокиќ.

Малена беше тажна кога Капетан замина. Таа ја јаде рибата со која што ја хранам, но денес ќе изеде две риби и ќе биде добра.Таа тоа ќе го прифати сега кога тој мора да оди. Но, сѐ уште е тешко за мене, толку многу години се грижам за Кеплетан и го поздравувам. Каде е сега тој? Како е? Нека го чува Бог”, изјави Стјепан Вокиќ, кој со децении се грижи за штрковите .

 

 

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close