Фотографиите од овој супертајфун петтата овогодишно големо невреме од највисока категорија во западниот Пацифик, ја направи астронаутот на Меѓународната вселенска станица Александер Герст.
Супертајфунот Трами од 5 категорија се движи кон Јапан и Тајван
Фотографиите од овој супертајфун петтото овогодишно големо невреме од највисока категорија во западниот Пацифик, ја направи астронаутот на Меѓународната вселенска станица Александер Герст. Европскиот космонаут ја објави фотографијата на својот Твитер профил, опишувајќи ја како голема бура која изгледа „како некој да ја извадил голема чеп од нашата планета“.
Тајфунот кој е со голема јачина во саботата го погоди јапонското острово Окинава, а во налетот на разорниот ветер повредени се 17 луѓе.
Како што пренесуваат медиумите, Трами достигнува брзина од 216 километри на час, а најголем удар се очекува во понеделник наутро.
Снимките прикажуваат сцени од апокалипса, скршени гранки, дрвја, блокирани се улиците во регионалниот главен гран Наха, а врне и силен и пороен дожд.
Брановите се високи и до неколку метри
Околу 700 луѓе се евакуирани во скривалишта во Окинава, а без струја останаа речиси 200 илјади домови, јавува радиото НХК.
Откажани се 386 летови
Западните региони се уште не закрепнале од најмоќниот тајфун кој ја погоди земјата во последната четвртина од векот. Тајфунот Јеби однесе 11 животи и го затвори аеродромот Кансаи, главниот регионален аеродром.